Дитејлинг на ново возило

Конечно е тука: автомобилот што внимателно го избравте и можеби го чекавте. Често се случува испораката на вашиот нов автомобил да не биде како што би сакале. Поради транспорт, складирање или неправилно полирање, можно е вашиот автомобил да не е без дефекти во однос на состојбата на самата боја.

Зошто да не изберете автомобилот да биде соодветно третиран од нас, пред испораката и тоа на ниво како што треба да биде? Комплетно ќе се погрижиме за вас во секој аспект, односно ќе стапиме во контакт со продажниот салон за да се договориме што треба и што не треба да се прави со вашиот автомобилот пред да навлеземе во деталите.

Оваа услуга е идеална за веднаш да се нанесе заштита на вашиот автомобил која ќе трае со години. При овој процес се поминува целото возило, а дури се прави заштита и на тркалата.

Начин на работа:

  1. Подигање на возилото од салон со компанија која е шлеп служба
  2. Вадење на сите заштитни фолии, најлони и налепници
  3. Детално чистење на тркалата
  4. Премиум детално перење
  5. Деконтаминација на лак
  6. Ултра фино полирање
  7. Чистење на стаклена површина
  8. Нанесување на заштита на целиот автомобил (по ваша желба)

Цена: од 6000 денари (без ДДВ)